Дете прогласено мртво – станало од ковчегот, побарало вода – се вратило назад и никогаш не станал


Се уште се трага по објаснувањето за случјот кој ја шокираше целата јавност во Бразил, откако двегодишното момче Келвин Сантос, лежел во отворен мртовачки ковчег, откако во болницата каде бил лекуван од тешки воспалувања на белите дробови бил прогласен за мртов.

kelvin-santosСе се случило на почетокот на јуни во 2012 година. Започнала погребната церемноја, кога во еден момент момчето се разбудило и побарало вода. Сите биле во шок, затоа што минале повеќе од 20 часа од кога момчето било прогласено за мртво. Антонио Сантос таткото на момчето, вели дека сите почнале да вриштат. Мислиле дека се случило чудо. Но, тоа не беше чудо. Кевин повторно почина. Не можевме да го разбудиме. Тој беше повторно мртов“, низ солзи раскажува неговиот татко. Тој го однел детето во болница, каде што повторно бил прогласен за мртов.

Таткото размислува да ја тужи болницата затоа што сметала дека неговиот син не е лекуван на адекватен начин. Иако поминало повеќе од година дена од овој случај, семејството и понатаму бара објаснувања. Во меѓувреме се појавиле неколку теории. Се наведува дека би можело да станува збор за таканаречен Лазаров комплекс, кој го добил името по познатата новозаветна приказна за Исусовото оживување Лазар. Имено во последните случаи, телото на пациентот кај кој не постои мозочна активност може да реагира со одредени движења – а медицинската наука тврди дека во тие случаи станува збор за комуникација која поминува низ кичмата, па се работи само за рефлексни движења. Сепак досега не е забележано дека некој зборува за ваквата состојба.

Единствен медицински пример кога пациентот целосно се опоравил откако во мозокот не е забележана никаква неуролошка активност, е случајот со 59 годишниот Велме Томас кој се разбудил откако бил исклучен апаратот за одржување на животот во болницата Вест Виргин во САД. Тоа се случило во 2008 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1