Дете пронајде 10 илјади долари во фиока во хотелска соба


Љубопитното десетгодишно дете Тајлер Шефер најде десет илјади долари во фиока во хотелска соба во Канзас Сити, каде што се сместил со неговиот татко.

– Тој е едно од оние деца кои  мораат се да видат, изјави за телевизија КМБЦ, таткото Коди Шефер, кој најдените пари веднаш ги предал на полицијата од хотелот.

dete pari hotelПолицијата била шокирана од фактот дека Шефер нашле толку голема сума на пари во хотелска соба, но и дека никој не дошол да ги бара.

– Кога ќе забележите дека ви недостасуваат десет илјади долари, најверојатни би се јавиле, но тоа не се случи, изјави за АБЦ Њуз, капетанот на полициската станица во Канзас Сити.

Шеферови би можеле да ги добијат најдените пари, но не пред да изминат 19 месеци. Според Законот на американската сојузна држава Мисури, Шеферови во рок од десет дена мораат дадат исказ под заклетва каде што ќе наведат кога и каде ги нашле десетте илјади долари. Судијата после тоа ќе ја потврди вредноста на парите, а потоа ќе испрати копија од исказот до окружната комисија.

После тоа, семејството мора да чека 40 или повеќе дена, а ако ни тогаш никој не ги побара парите, ќе мора да објават оглас во весниците за најдената сума, кој ќе излегува три недели по ред. Доколку сопственикот не се појави ни шестиот месец после последниот оглас, парите ќе им припаднат на Шеферови. Сопственикот, меѓутоа има една година време да ги побара парите назад.

Коди Шефер очигледно не се грижи за можноста да остане без најдените пари, ниту се кае заради одлуката да ги предаде на полицијата.

– Ги немавме тие пари ни кога дојдовме во хотелот, па тоа нема многу да измени, изјави тој за КМБЦ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1