Вчера околу 16.00 часот на локалниот пат за Средно Водно се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.К. (18) од Скопје и велосипед „Рог“ управуван шеснаесетгодишник од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди(скршеница на рака, нога и повреди на глава) се здобил велосипедистот кој бил пренесен и задржан на лекување на клиниката КАРИЛ при Ургентен центар Скопје и се наоѓа во животна опасност, додека Ф.Р.К. се здобил со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, при што од учесниците е земена крв и урина за анализа, а мотоциклот е пренесен за вонреден технички преглед.