Дете се самоубило бидејќи не можело да го трпи злоставувањето


Даниел Фицпатрик (13), од Стетон Ајленд во Њујорк, си го одземал животот откако станал жртва на злоставување од страна на своите врсници во училиште.

Детето оставило трогателна порака во која наведува дека старите пријатели престанале да разговараат со него и не го сакале.daniel-ficpatrik

„Се откажувам. Ни наставниците не направија ништо за тоа”, напишал Даниел, кој на есен требало да тргне во средно училиште.

Форензичарите по истрагата потврдиле дека причина за смртта на Даниел е самоубиство со бесење. Таткото на Даниел, исто така Даниел Фицпатрик, на својот фејсбук-профил оставил видео на кое им се заблагодарува на луѓето за поддршката.

Во него ги осудува и децата што го мачеле неговиот син како и католичкото училиште во кое на детето наводно му велеле „Ќе биде сè во ред. Овие работи ќе поминат“, кога несреќното дете дошло да побара помош.

– Им благодарам на сите луѓе за поддршката, на вашите мисли и вашата утеха. Приказната за мојот син е јавна, светот да види и да дознае низ каква болка минал. Секој ден ми недостасува повеќе. Ниеден родител не би требало да го погреба своето дете. Ниедно дете не смее да мине низ тоа што минуваше мојот син. На родителите на децата кои го мачеле мојот син, единствено што можам да им порачам е дека се надевам дека никогаш нема да мора да почувствуваат низ што минува моето семејство. Се надевам дека ќе останете покрај вашите деца секој ден до крајот на нивните животи. Не го сфаќам ова повеќе. Вашите мали чудовишта го одземаа тоа од мене и мојата сопруга- вели таткото на Даниел.

Мајката на Даниел, Маурин Фицпатрик, за „Њујорк дејли њуз“ вели дека се сеќава на својот син како вели дека сака насилниците, кои во писмото ги навел по име и презиме, да знаат што му направиле и како се чувствува.

Даниел и Маурин тврдат дека насилниците, споменати во прошталната порака на нивниот син, секојдневно на часовите по физичко образование го удирале со топки и го нарекувале со погрдни имиња.

– Дени секогаш беше вишок. Доаѓаше до мене и ме молеше да најдам деца кои ќе си играат со него. Другите деца ќе кажат дека мислеле дека е чуден – вели Маурин.

Училиштето не направило ништо за да ја спречи таа трагична ситуација.

– Чувствуваше дека цело училиште знае што се случува и дека му се смеат зад грб. Го понижуваа – вели Маурин

На страницата „GoFundMe” започна акција за да се соберат пари за погребот на Даниел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1