Дете се сеќава на жената од претходниот живот – им докажал дека е реинкарнација


Мало момче од Турција од моментот кога научило да зборува, почнало да инсистира да му биде променето името од Селим Тутусмус во Селим Фесли. Тој вели дека бил реинкарнација на Фесли, и се сетил на имињата на пријателите и семејството, како и од многу детали од неговиот живот кои подоцна бил потврдени од страна на вдовицата на Фесли.

Reincarnation-2Германскиот терапевт Трутз Хардо, приказната на ова момче ја раскажал во неговата книга „Децата кои живееле претходно: Реинкарнација Денес“.

Тој зборува за еден сведок Доктор Лан Стивенсон, кој бил водечки истражувач на Универзитетот на Вирџинија Школото за медицина на темата за реинкарнација. На 9 мај 1958 година во селото Хатун Коу Турција, Фесил бил пронајден мртов во едно поле. Тој бил застрелан во лицето и десното уво. Неговиот сосед Иса Дирбекли, признал дека го застрелал, но дека тоа било случајно и дека во тој момент бил на лов. Во соседното село Сарконак, госпоѓата Каранфил Тутусмус била бремена.

Таа сонувала дека еден ден ќе се појави човек кој ќе се идентификува како Селим Фесли. Бебето е родено со мала деформација на десното уво, што одговара на раната која му била нанесена на Фесли. Кога момчето имало 4 години, тоа на патот на кај домот на Фесил, застанал покрај прозорот, и на вдовицата на Фесил и рекол: „Јас сум Селим, а ти си мојата сопруга Катибе“.

Тој ги запамтил интимните детали од нивниот живот заедно со имињата на нивните деца. Ја посетувал доста често и почнал да ја третира Катибе како негова сопруга, а неговите возрасни деца, да ги гледа како свои. Момчето рекло дека Дибекли намерно го убил поради расправија за мазгата, додека соседот и понатаму одрекувал и се вадел дека тоа било несреќа.

Момчето почнало да фрла камења по Дирбекли, но подоцна прекинал со насилничката одмазда. Решат Баер турскиот партнер на доктор Стивенсон, го предупредил момчето дека ако се одмзади Дирбекли исто така можел да се прероди и да се одмазди и циклусот на омраза и одмазда да продолжи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1