Седумнаесетгодишник од Тетово бил спасен откак испил поголемо количество „варикина“. Малолетникот кој бил во тешка здравствена состојба со возило бил пренесен во тетовската клиничка болница.
Сепак, поради сериозноста на неговата здравствена состојба бил рефрлен на скопските клиники каде му била укажана прва помош. Полицијата извршила увид и во возилото кое дента го управувал малолетникот. Пронајдено е пластично литарско шише со споменатата течност.