Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати


На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет минути да хакира копија од интернет страницата на државниот секретар на Флорида и да ги смени резултатите од избори.

Емет е еден од 39-те деца на возраст од шест до 17 години кои учествувале на една од најголемите Кофенренции за хакерство, што се одржува во Лас Вегас. Децата менуваа имиња на партии, резултати од избори и имиња на кандидатите. Сето тоа на шест копии на официјални страници.

– Колку лесно би било да се хакира официјална интернет страница, ако дете успеа во тоа, на некоја имитација, така брзо, наведе „Бизнис инсајдер“

– Овие страници се толку лесни за хакирање, не би можеле да ги дадеме на возрасни хакери, ќе не исмеат, изјави за Еј-би-си Њуз поранешниот официјален претставник на Белата куќа за внатрешна безбедност, Џејк Браун.

Во минатото, Флорида двапати го привлече вниманието на јавноста со изборите. Првиот пат во 2000 година, со трката меѓу Џорџ Буш и Ал Гор, а потоа и во 2016., помеѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1