Исповед на Џони Деп, открива како потрошил 650 милиони долари


Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“, актерот Џони Деп во разговор со новинариод магазинот Ролинг Стоун, зборувал за раскинувањето на бракот со Амбер Херд, мемоарите кои ги пишува и губењето на богатството од речиси 650 милиони долари, пренесува британски Мирор.

Деп, како што пренесува Мирор, интервјуто го дал во Лондон за време на турнејата со својот бенд „Холивудски вампири“, а на новинарите од магазинот ги прашал „дали се подготвени да ја слушнат вистината“.

Зборувајќи за својот „грд развод“ во 2016 година од актерката Амбер, Деп опишал дека страдал од депресија кога пред очите му се рушеле професионалниот и приватен живот.

Актерката поднела барање за развод еден ден пред погребот на мајката на Џони, а тој бил соочен и со обвинувањата дека ја нападнал, но се негирал.

Џони Деп се бори со своите демони на турнејата со својот бенд, како и со пишувањето на мемоари на стара машина за куцање.

-Си ставам виски наутро и почнувам да пишувам се додека очите не ми се наполнат со солзи, па веќе не можам да ја видам страната, опишува актерот.

Улогите во „Пиратите од Карибите“, но и бројни други филмски остварувања кои заработувале над 3,6 милијарди долари, на Деп му донесе богатство кое се проценува на 650 милиони долари.

Тие пари, актерот сега речиси и да ги нема, поради што ја тужи компанијата ТМГ и својот долгогодишен менаџер Џоел Мендела за измама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1