Дете загина во земјотресот во Петриња, под рушевините се слушаат повици за помош


„Врисоци и извици се слушаат на снимките на телевизијата Н1, чии репортери се јавуваат во живо“, пренесува порталот „Индекс“, а сопред првичните податоци од терен сцените се страшни и има повредени и загинати.

Во Петриња очигледа е сериозната материјална штета, но засега не се знае дали има жртви во потресот.

„Извлекуваме луѓе од автомобили, не знаеме дали има мртви и ранети, слушнав дека се урнала градинката, но за среќа немаше деца во неа“, рече во првична изјави градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, кој потврди дека во потресот загинало едно дете.

„Постои општа паника, луѓето ги бараат своите“, додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1