Детенце починало во градинка – дечињата плачеле над неговото тело – детали за трагедијата во Белград


Двегодишното детенце кое почина во градинка го растажи целиот регион. Настанот кој се случи во градинка во Белград, го зави семејството и другарчињата на детенцето во црно.

Според најновите детали од истрагата, воспитувачката пробала да го оживее, но не успеала. И лекарите кои веднаш биле повикани пробале да го оживеат, но залудно.tragedija-gradinka-bg

Според податоците, детето откако ручало во градинката, легнало со другарчињата да спие, како што вообичаено прават секој ден. Сите 15 деца спиеле, а кога дошло време за будење, воспитувачката не можела да го разбуди.

Го тресела и викала, но залудно. Дечињата сфатиле дека нешто лошо се случува па почнале да плачат и врескаат.

Кога било донесено во болницата, детенцето не давало знаци на живот. Срцето не му работело и не дишело, а по 45 минутна реанимација, било прогласено за жал за мртво.

Според директорката на градинката детето пред кобниот момент било среќно и играло.

Обдукцијата ќе ја покаже причината за смртта.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1