Белгиецот Еден Азар во текот на овие денови е сигурно најомразената личност на Островото. Сцената во којашто Азар го клоцна момчето коешто на дуелот помеѓу Свонси и Челси беше задолжено да ги собира топките, го обиколи целиот свет.
Револтиран од задржувањето на топката и времето, тој физички нападна едно од момчињата задолжени за враќање на топките. Вистина е дека момчето ја криеше топката додека лежеше на тревата, но Азар тогаш ја направи најлошата можна работа: го клоцна детето и на сила му ја одзеде топката.
Но, Азар сигурно не знаел кого удира. Имено, 17-годишното момче Чарли Морган е син на угледниот велшки тајкун Мартин Морган. Таткото на несреќното момче е 32. најбогат човек во Велс, а се занимава со хотелиерштво и недвижнини.
Воедно Морган е и еден од директорите на клубот Свонси. Иако во текот на денешниот ден низ светските медиуми се појави веста дека семејството Морган и приватно ќе го тужи Азар, сепак такво нешто нема да се случи.
“Што се однесува до семејството Морган оваа приказна е завршена. Полицијата разговараше со момчето како и со неговиот татко и тие потврдија дека не сакаат приватно да го тужат Азар. По натпреварот Чарли беше присутен во соблекувалната на Челси и се ракуваше со Азар” – изјави портпалорот на Свонси.
Извор – Спорт клуб