Агент на ЦИА давал податоци на исламистите – осуден е


Џон Киријаку, поранешен високо поставен агент на американската разузнавачка агенција ЦИА, вчера беше осуден на две и пол години затвор поради тоа што на новинар му го открил името на таен агент на ЦИА, јави дописникот на МИА од Вашингтон.


417193696-origКиријаку станал противник на техниките на агресивно испитување на заробените исламисти и почнал соработка со новинари и адвокати на некои од заробениците во базата Гвантанамо на Куба, на кои им ги открил имињата на агентите на ЦИА кои ги испрашувале нивните клиенти.

– Ќе ви доделев многу поголема казна, да можев, изјави судијката Леони Бринкема, која вчера му ја изрече казната на Киријаку.

Киријаку работел како агент на ЦИА од 1990 година. Во 2002 година, тој бил клучен агент ангажиран во заробувањето на Абу Зубајда, командант на терористичката група Ал Каеда. Информациите добиени од Абу Зубајда придонеле да биде откриен и Калид Шеик Мохамед, кој се смета за највисок командант на Ал Каеда досега заробен од страна на ЦИА.

Kiriakou-240x320
Но, Киријаку се спротиставил на примената на техниката вотербординг, односно симулирано давење, при испрашувањето на Абу Зубајда.

Во 2004 година тој ја напуштил ЦИА и почнал јавно да говори против примената на вотербордингот и други методи на испрашување кои ги смета за мачење на заробениците, нарекувајќи ги нехумани и неефикасни.
Киријаку тврди дека вотербордингот на Зубајда не помогнал да се добијат информациите кои ја довеле ЦИА до Мохамед.

ЦИА кренала тревога откако во собите на неколку заробеници во базата Гвантанамо биле откриени фотографии и имиња на агентите на ЦИА кои ги испрашувале.

Истрагата покажала дека Киријаку соработувал со новинар кој известувал за исламистите заробени на Гвантанамо, и му ги дал имињата на агентите кои ги испрашуваат заробениците. Новинарот, потоа, овие податоци им ги дал на правните застапници на затворените, по што ЦИА стравува дека идентитетот на нејзините агенти им е познат и на исламистичките групи.

john_Kiriakou_thumb_AP120123115137_620x350Откривањето на идентитетот на таен агент на ЦИА е строго забрането. Џон Киријаку, кој е со грчко потекло, во текот на судењето добиваше поддршка од грчката заедница во САД, а особено од групите кои се против агресивното испрашување на заробениците, кои го сметаат Киријаку за херој затоа што јавно прозборел против методите на ЦИА.

Претседателот Барак Обама, кој пред да биде избран најавуваше дека ќе ја запре праксата на грабнување исламисти во други држави и нивно затворање во воената база Гвантанамо, сепак го остави овој затвор во функција и борбата против исламистите ја засили со напади со беспилотни летала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1