Три деца на возраст од шест до 11 години и десетина повозрасни штипјани се хоспитализирани во Клиничка болница во Штип со симптоми на салмонела, известија здравствените власти.
Се претпоставува дека изворот е локална слаткарница. Во тек е истрагата на здравствените власти за утврдување на причинителот на заразата.