Деца на училиште, зимница, испразнети џебови од одмор – Септември не чини колку за 2 месеца


Почеток на школската година, подготвување зимница, подготовки за грејната сезона – стигнува септември познат како еден од потешките месеци во годината за семејниот буџет. Моливи, боички, материјали за на училиште, туршија, ајвар, лутеница, малиџано, кој не купил, набавува дрва за огрев и кога с` тоа ќе се собере на купче, излегува дека без дополнителни илјадарки не може ниту да се замисли да се истурка месецот.

И ако годинава трошоците за на училиште се пониски бидејќи родителите не издвојуваат пари за набавка на учебниците, а намалени се и цените на основните материјали за во училиште поради намалениот данок кој се спушти на 5 отсто, за сметка на тоа цените на зеленчукот и основните производи потребни за зимницата во моментов се изгор. Домаќинките коментираат дека повеќе би им се исплатило да прават џем и слатко отколку ајвар и туршија. Временските непогоди го намалија родот и ги зголемија цените на зеленчукот не само кај нас туку и во регионот.

Граѓаните велат дека не џабе се рекло дека септември тежи колку за два месеца.

Еден ученик најмалку две илјадарки

Школски ранец, тетратки, моливи, боички и ако на ова се додадат и парите што ќе се потрошат за набавка на нова есенска облека, подготовката на еден ученик ќе чини доста.skolski PRIBOR_1

– Откако учебниците се бесплатни, трошоците се преполовени. Но сепак треба да се купат разни блокови, колажи, моливи, пенкала, гуми, острилки, линијари, чантички за прибор, разните видови боички. Пристојни ранци годинава може да се најдат и за 1.000 денари

Пиперки за ајвар по најмалку 30-40 денари за килограм, домт од 30 до 50 денари, карфиол по 80-90 денари, боранија 50 денари, зелка 20 денари за килограм… Цената на зеленчукот на зелените пазари и по маркетите никако да се спушти на пониско ниво пред вообичаените набавки за зимница. Граѓаните на шега коментираат дека повеќе им се исплати да прават мармалад и слатко за зимница отколку ајвар или туршија.

Но со оглед на високите цени на зеленчукот на зелените пазари не знам дали годинава на некого ќе му се исплати да прави зимница

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1