Тони и Тео добија струја, се бара електричар да им помогне за инсталацијата


После многуте објави, пишувања и апели, близнаците Тони и Тео, денеска добија струја.

Тие веќе нема домашните задачи да ги пишуваат на свеќа. Хуманите граѓани донираа на сметката на ЕВН и помогнаа да се реши еден од многуте проблеми со кои се соочува ова семејство.

Откако им е пуштена струја, сега се апелира до хуманите електричари, да помогнат, да се покажат на дело, така што ќе им помогнат за инсталација, затоа што претходната е застарена.

Тони и Тео се дечиња кои откако родителите им се развеле, ги оставиле кај бабата и дедото да се грижат за нив. Дедото иако инвалид и не гледа на едното око е заминат во Словенија за да работи како градежен работник, но бидејќи пари пушта преку сметка, до бабата на близнаците не стигнува денар. Сметката им е блокирана и сите пари им ги задржува банката поради огромни долгови за струја. Во меѓувреме, на бабата која им е единствена помош на близнаците и се разболела и нејзината ќерка која од Штип е донесена во болница во Скопје, но таа не може ниту да ја посети.

Ова четиричлено семејство финансиски опстанува само доколку некој од соседите ги повика бабата и дедото на Тео и Тони да работат за дневница на нива или некоја друга земјоделска работа. Струја немаа од 2014 година. Најтешко им е во зимо кога бараат по отпади фрлени прозори врати или други дрва за да се загреат.

Приказната за близнаците беше објавена во медиумите пред неколку месеци, но институциите не успеаја да им помогнат овие две деца.

За сите оние кои сакаат да помогнат, може да се обратат на телефонскиот број на бабата на Тео и Тони – 077 857 906.

Skopje24.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1