Деца пронајдоа мртов маж во Куманово


Маж на околу шеесетгодишна возраст е пронајден мртов на излез од населбата Средорек, во Куманово, во стари урнатини спроти Спомен Костурница, јавуваат кумановските портали.lenta policija telo

Според неофицијални информации лицето го пронашле деца од населбата Средорек кои играле на местото.

Човекот бил облечен во работнички алишта без обувки на нозете.

Од кумановското јавно обвинителство велат дека на телото нема траги од насилство, но увидот се уште трае.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1