Деца сексуални злосторници не одат во затвор?


Во пресрет на одбележување на Меѓународниот ден на СОС линиите од Првата детска амбасада „Меѓаши“ велат дека благодарение на бесплатната телефонска линија само лани се дејствувало во 18 случаи на сомнеж за сторена педофилија врз деца.

devojce - deteОд „Меѓаши“ велат дека најчесто ваквите случаи ги пријавуваат родителите, соседите и роднините на децата. „Децата не пријавуваат сексуална злоупотреба од причина што не се свесни дека им се случува нешто лошо или тоа не сметаат дека е нешто невообичаено, па поради тоа најчесто пријавуваат возрасни лица. Единствен пат кога дете пријавило сексуално вознемирување, а тоа не е злоупотреба, е поради тоа што неговите родители воделе љубов пред него“ изјави Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС линијата во Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Според неа, многу често се случувало и родители да пријават сомнеж за сексуална злоупотреба од другиот родител, но и често се случува поради страв, срам и неверување да се предомислат. „И покрај тоа што родителите не сакаат да веруваат дека е можно да имаат сексуално насилство или педофилија во нивниот дом, доколку детето им се довери или имаат било какви сомнежи мора да се внимава и салучајот да се преиспита“ вели Зенговска.

Исто така алармантен е случајот од пред неколку години кога родител пријавил сексуална злоупотреба на тригодишно дете од страна на 14 годишно дете. Од „Меѓаши“ велат дека во ваквите случаи не се одговорни децата бидејќи прво немаат наполнето 16 години за да може да одат во поправни домови и да сносат кривична одговорност туку кривично одговорни се родителите. Во конкретниот случај 14 годишното дете се гледа и како злосторник но и како жртва затоа што мора да се испита што е тоа што го навело да направи таков грозен чин.
„До сега нема случај на малолетни деца кои извршиле сексуално злоставување да бидат згрижени во завод за воспитно поправен дом. Најчесто се затвораат децата кои крадат или се сколони кон друг вид на физичко насилство“ вели Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС линијата во Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1