Нервозен дилер сам се издал дека носи марихуана


На граничниот премин Табановце албански државјанин кој на цариниците им рекол дека оди на гости кај неговата девојка поради невообичаено нервозно однесување, царинските службеници одлучиле да извршат детален преглед.

vlcsnap-2013-05-17-12h48m14s205При претресот утврдиле дека во багажникот имал уредно поставена плинска боца која изгледала дека е полна со гас, но истовремено и резервоарот за бензин бил полн. Ова бил доволен мотив за да ја демонтираат плинската боца.

Откако го извадиле вентилот и го испуштиле гасот, цариниците утврдиле дека во внатрешноста на плинската боца имало уште една боца до која царинските службеници дошле со сечење со бонсек. Нејзината внатрешност била полна со марихуана со вкупна тежина од 16 кг.

vlcsnap-2013-05-17-12h49m13s52

vlcsnap-2013-05-17-12h48m14s205

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1