Македонија, Србија и Црна Гора ќе го исклучат меѓусебниот роаминг?


Иницијативата на АЕК за намалување на цените за роаминг би требало да профункционира првин на регионално ниво, информира првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски.

690255-phone-text– Регулаторите од Македонија, Србија и Црна Гора разговараат трилатерално да ги исклучат роаминг цените во трите држави и ќе треба да се потпише трилатерален договор, изјави Ордановкси.

Во јули во Скопје по ова прашање ќе се одржи состанок на претставници на министерствата за телекомуникации и на регулаторните тела од Србија, Црна Гора и од Македонија и од надлежното тело за телекомуникации во Европската комисија.

Иницијативата првично предлагаше земјите од регионот да се приклучат на новата политика за роаминг на Европската унија која на операторите им наложи нивелирање и етапно намалување на цените ширум унијата.

Ekonomski.mk 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1