Деца убијци: Се појавиле снимки од деца кои учат да убиваат


Снимките биле направени во камп во Вазирстан, а на интернет ги објавила Ал Каеда.

Едно мало момче се смее додека постар маж му помага да нишани во мета со полуавтоматски пиштол. Оваа снимка ги прикажува првите чекори авганистанските деца кон тероризмот, а на интернет била поставена од Ал Каеда.

deca-ubijci-01Исто така, на снимката е прикажана жена како нишани со минофрлач кон автомобил

Во кампот на теророт, сместен во север Вазирстан во близина на пакистанско-авганистанската граница, талибанците тренираат деца помлади од пет година, за да станат нова генерација на терористи.

Децата седат како во училиште и внимателно ги слушаат предавањата. Со тешка мака ги креваат смртоносните пушки и пукаат, при што нивните тела се одбиваат и паѓаат на подот.

Други пак работат со пиштоли додека терористите им ја полнат главата со омраза и ги мотивираат за џихад против западот и самоубиствени напади.

Многу од нив се сираци, а нивните татковци ги изгубиле своите животи во светата војна. Сега тие се на ред да тргнат по нивните чекори.

Tocka

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1