Момчињата го запрашале и продавачот дали навистина новиот iPhone 6 Plus толку лесно се витка, на што продавачот им одговорил дека се работи само за интернет гласини и дека во таквото тврдење нема никаква вистина.
Инаку, засега сомнежите велат дека алуминиумот од кој е направено куќиштето на новиот iPhone 6 Plus е одговорно за деформирањето на новиот модел.
– Посетивме една од продавниците на Apple каде се обидовме да го свиткаме а потоа го скршивме новиот iPhone телефон. Претпоставувам дека тоа е криминално дело, но тоа и не ме засега премногу да бидам искрен. Вината е всушност на Apple, бидејќи тие се обидуваат да не’ измамат со своите реклами во кои тврдат дека новиот iPhone паметен телефон е најдобар, а тој очигледно и не е најдобар со оглед на тоа дека може да се свитка во рака или џеб. Тоа е смешно, вели едно од момчињата.
Тимот од Купертино сепак призна дека постои проблем со свиткување на новиот iPhone уред во одредени ситуации, но дека досега компанијата примила вкупно само девет жалби.
Експретите велат дека целата приказна е навистина претерана, а тоа до некаде го потврдува и самиот тест на Apple кој покажа дека iPhone 6 Plus сепак може да издржи поголема сила од неговиот претходник.