Децата до 14 години нема да смеат на социјалните мрежи


Сенаторот Руслан Гатаров предложи да се забрани слободната регистрација во социјалните мрежи за децата помлади од 14 години.

i pad kompjuterГатаров појасни дека во Русија може да биде искористено искуството од САД, каде децата не можат да се регистрираат во социјалните мрежи без дозвола на нивните родители. Иницијативата на сенаторот ја поддржаа и други претставници во Думата.

Во најголемите руски социјални мрежи веќе постојат различни механизми со кои може да се ограничи пристапот на децата, или барем да се дистанцираат од негативното влијание. Некои од мерките вклучуваат ограничување на можноста за комуникација на децата со други, постари лица, како и исклучување на профилите на помладите корисници од резултатите при пребарувањето.

Најпопуларната социјална мрежа во Русија, „Вконтакте“, нема да им дозволи на корисниците помлади од 14 години да се регистрираат.

Ruska Rec

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1