Село со 940 жители ита кон титулата во Македонија – Турново стана балкански хит


Екипата на Хоризонт Турново е секако најпријатното изненадување сезонава во домашниот шампионат, а можеби и во сите домашни спортски натпреварувања…

Турновци играат одличен фудбал, моментално се наоѓаат на челната позиција и полека, но сигурно атакуваат на првата, историскиа титула. Како што велат старите “сите чуда кратко траат”, токму таков беше случајот и со голем дел од нашите клубови како Македонија Ѓорче Петров, Милано, Ренова, Слога коишто дел од нив беа и шампиони, а по неколку години буквално ги снема од фудбалската сцена кај нас, од разно разни причини.

fk_turnovo

Но, по се изгледа нема да биде таков примерот со турновци. Уште на самиот старт од сезоната најавуваа дека главен приоритет на клубот е излез во Европа, слично беше и во зимскиот трансфер период, а исто е и сега – таборот на Турново е цврсто приземјен, не лета во облаци, свесен за тоа дека парите не секогаш се најзначјни за успехот. Без некакви премногу звучни имиња, беа преголем притисок од јавноста Турново ита кон шампионската титула во домашниот шампионат.

Турново е вистински хит кај нас, а голем дел од балканските медиуми пишуваат за бајката на селото кое има 940 жители, таков беше и примерот на хрватскиот портал “24sata”.

-Хоризонт од Турново, село во Македонија коешто има само 940 жители, се бори за титулата во домашниот шампионат. Никогаш во историјата на европскиот фудбал шампионот на државата не потекнувал од толку мало место. Преостануваат уште осум кола до крајот, а Турново е лидер и доколку остане така тоа ќе биде најголем успех во 63-годишната историја на клубот.

Во тие осум кола ги очекува дуел пред своите гледачи со Металург, а во последното коло ќе му гостуваат на актуелниот шампион Вардар. Играат на стадионот Кукуш во близина на најголемиот град на истокот од Македонија, Струмица. Трибините на тој стадионо можат да примат 1500 гледачи, а доколку одлучат сите жители на Турново да го следат дербито против Металург, на стадионот ќе останат уште 558 слободни столчиња – пишува “24sata”.

Извор – Спорт Клуб 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1