Децата не се заразиле со туберкулоза од наставничката – досега тестовите негативни


Негативни се сите досега направени тестови за туберкулоза на учениците и наставниот кадар во ОУ „Васил Главинов“ во oпштина Чаир, кои биле во контакт со заболената наставничка. Негативни се и тестовите на членовите на семејството

Контролните прегледи ќе продолжат од вторник кај сите за кои епидемиолозите ќе проценат дека има потреба, информираа денеска надлежните институции од каде уверуваат дека се преземаат сите мерки за безбедност на учениците и вработените.

tuberkuloza tekst

За заболената од туберкулоза предметна наставничка ќе биде издадено решение за времено остранување од работа се` додека трае лекувањето односно не биде приложен негативен резултат. Наставата во училиштето, според раководството, се одвива без прекини и проблеми.

Од Државниот здравствен инспекторат велат дека извршиле вонредна контрола во „Васил Главинов“ на 8-ми овој месец по информација од Центарот за јавно здравје Скопје. Од Антитуберкулозниот диспанзер од Здравствен дом Скопје при поликлиниката „Бит пазар“ на 25 март испратиле известување до училиштето дека се работи за заразно инфективно заболување и оти треба да се реализираат контролни прегледи

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1