Децата треба да се вакцинираат, сите до едно, е ставот на лекарите. Небулози и кардинални бесмислици се, велат, информациите на интернет-страниците и социјалните мрежи за наводните несакани последици од имунизацијата
Ако родителите ги следат, само ќе се исплашат и ќе бидат доведени во заблуда.
– Во Македонија, откако вакцинираме до денес, нема потешка несакана реакција освен вообичаените, прикажани во упатството како очекувани, висока температура, болка на место на оток, ретки случаи со конвулзии, еден до два годишно – изјави д-р Јованка Костовска, национален координатор за имунизација на РМ во Светската здравствена организација (СЗО), по денешното советување на Медицинскиот факултет.
Експертите се децидни дека вакцините немаат никаква поврзаност со аутизмот, дијабетот, малигните заболувања зашто сите состојки во нив се во форми кои воопшто не сметаат на здравјето на децата. И вакцините со жива не се опасни бидејќи овој елемент се елиминира од организмот за три до четири часа и не прави никаква штета.
На ова веднаш со соопштение одговорија и родителите кои се против задолжителна вакцинација – велат дека лекарите ги навредиле нивните интелектуални капацитети дека не знаат да се едуцираат што е добро а што не за нивните деца. Нивната реакција може да ја прочитате на следниот линк