Силувана 34 год жена од Берово – ја силувал деверот


Беровчанка на возраст од 34 години вчера пријавила силување извршено од страна на лицето В.Б.(31).

policijayeti-Според пријавата, вчера околу 8 часот, откако нејзиниот девер влегол во собата на пријавителката, најпрвин се обидел да ја бакне, но откако таа му се спротивставила, истиот ја фатил за рака, ја турнал на креветот, со едната рака и ја затворил устата, насилно и ја соблекол облеката и извршил обљуба, информираат од полицијата.

Откако, В.Б. станал да си замине, таа му рекла дека ќе го пријави случајот, по што истиот повторно извршил обљуба.

В.Б. е приведен во ПС-Пехчево и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1