Во три примероци од храната земена од градинката „Детска Радост“ најдени се показатели за фекално загадување. Во примероците пронајдени се и патогени бактерии, но меѓу нив не е детектирана бактеријата салмонела.
Останатите резултати се негативни. Испитани се седум брисеви од работни површини, три испироци од раце и 70 примероци од фецес на вработени и на деца.
Во Инфективната клиника се зголемува бројот на деца кои се примени со повраќање и дијареа. Од вкупно дванаесет дечиња кои биле прегледани, четири сè уште лежат на Инфективна, а до сега кај три беше дијагностицирана салмонела.
Централната кујна во градинката „Детска Радост“ ќе биде затворена се додека не бидат отстранети сите недостатоци.