Делчевчанец се усреќи со 3 милиони денари на лото


Во саботното извлекување на познатата игра на среќа Лото делчевчанец се усреќи со повеќе од три милиони денари.Тој во дополнителната игра џокер ги имаше добитните шест броеви на своето лото ливче, јавува Делчеводенес.мк.

lotarija-1Џокер бројот кој беше извлечен во емисијата беше 9 8 3 1 2 9 и беше истиот како и на неговото ливче, што на среќниот добитник кој сакаше неговото име да остане анонимно и во тајност му донесе солидна добивка.

Добитното лото ливче беше уплатено во Делчево во продажното место “ВЕРА-НБ”, кое се наоѓа на улицата “Никола Јонков Вапцаров” ,во непосредна близина на ООУ “Ванчо Прке”.

Инаку ова не е прва поголема добивка на игрите на среќа во Делчево. Делчевчани се покажаа како доста среќни во игрите на среќа. Претходно во неколку наврати исто така во играта лото во Делчево неколку среќни добитници имаа среќа да освојат поголема добивка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1