Во средно ветеринарно се носат двојазични униформи?


Учениците од средното училиште “Браќа Миладиновци” во Драчево добиле двојазични униформи на македонски и на албански јазик и биле принудени да ги носат под закана дека ќе бидат отстранети од настава, информираат извори на “Вечер”.

veterinarno skoloСредношколците од ова училиште, популарно наречено Ветерина, одбиле да ги носат униформите и затоа поднеле жалба до Државниот просветен инспекторат.
За случајот, “Вечер” го праша министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој рече дека не е запознаен со случајот, но потенцираше дека ќе ја испита ситуацијата.
-Во моментов немам информации за овој случај, но ќе го проверам случајот и училиштето. Генерално, никој за ништо не смее да им се заканува на учениците. Си постојат прописи и одредби, меѓутоа во никој случај никој никому не може да му се заканува бидејќи учениците си имаат свои права како и сите граѓани, истакна Ристовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1