Детски саем во Сити Мол – ќе ги учат децата на заборавените игри плочка, не лути се човече..


Во најголемиот мол во Македонија започнува вториот Сити Детски Саем. На саемот покрај богатата програма и многуте содржини интересни за сите деца, ќе бидат понудени и големи попусти од страна на детските продавници за играчки, гардероба и детска опрема.

Billboard v5На вториот Детски Саем најавени се настапи на дечиња од детски фестивали и детски хорови, работилници за деца во детското креативно катче, забава и смеа со аниматори и магионичари, гостување на театарски групи, детска модна ревији како и многу други интересни активности за децата.

Интересен е фактот што за прв пат на овој саем се организира Улица на игрите, во кое најмладите посетители ќе можат да се забавуваат на добро познатите игри, како “плочка”, “не лути се човече”, „змија“ и многу други.

Дополнително, за време на саемските денови ќе бидат организирани и работилници со педијатар, нутриционист и дерматолог, на кои родителите ќе можат да добијат бесплатни совети и одговори на секакви двоумици и прашања поврзани со развојот на децата.

Вториот City Детски Саем  се одржува на 2 кат во Скопје Сити Мол и трае се до 20.05.2014 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1