По повод навршувањето девет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.
Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, ВБР, како и членови на нивните семејствата.
На одбележувањето на годишнината од загинувањето на припадниците на ВБР, на местото на хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи министерот за одбрана, Зоран Јолевски.