Девет годишно дете силувано од две малолетни деца во Охрид


Вчера во 16 часот и 20 минути , лекар од медицински центар Oхрид во полициска станица Oхрид известил дека кај нив било донесено деветгодишно момче од Oхрид, врз кое бил извршен полов напад.

Во 18 часот и 20 минути во полициска станица Oхрид, мајката на детето пријавила дека на 18.08.2017 година во периодот меѓу 17.00 до 18.00 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години.

За настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1