Девет нови бронзени фигури ќе никнат на оградата на Кејот на Вардар


На оградата на Кејот на Вардар, од Министерството за надворешни работи до Археолошкиот музеј, ќе се постават девет нови бронзени фигури.Одлуката за нивно поставување треба да се донесе на седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи наредната недела.

Се работи за бронзени фигури на Партенија Зографски, Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Христофер Жефаровиќ, Висарион Дебарски, охридскиот архиепископ Доротеј, монасите Евтихиј и Михаил, како и на светците Георги Кратовски и Прохор.

spomenici

Напоредно со овие споменици се актуелизира и идејата за поставување на пет нови споменици на Генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Никола Петров Русински, Андон Лазов Јанев – Ќосето и Ѓорѓи Сугарев.

Со исклучок на Андон Лазов Јанев – Ќосето, сите останати личности ќе бидат поставени на коњ.

Како донатор на овие споменици фигурира малку познатото „Здружение за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1