Деветгодишно дете почина по 11 часовната операција на срцето


Деветгодишната Марина од Македонски Брод не го дочека утрото, по 11 часовната операција направена од страна на американските и македонските хирурзи на детска хирургија, јави Канал 5. Марина ја немаше среќата како останатите седум деца на кои успешно им беше направена интервенција од страна на американските и македонските хирурзи на детска хирургија.

marina-500Директорката на Клиниката за детски болести објаснува дека состојбата на детето била комплицирана. Софијанова вели дека долгото седење дома без лекарска нега го стори своето.

– Поради слабото срце девојчето имаше проблеми со другите органи. Операцијата за жал не го спаси детето, вели д-р. Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Хирурзите успешно оперираа седум пациенти од кој едно новороденче, а другите бебиња над два месеца.  Колку порано се дојде на интервенција, толку се поголеми шансите за продолжување на животот.

– Апелирам на време да се носат децата, да не се чека, тука сме да помогнеме,  изјави  д-р. Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.

Според докторите ова не е прв случај на време да не се донесе дете со тешка срцева маана.

Канал 5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1