Четири годишно девојче ја спаси својата помала сестричка (2) по страотната сообраќајна несреќа во која загина нивната мајка.
Тоа успеало да ја извлече својата сестра од автомобилот и ја покрила со ќебе за да не и е ладно додека да стигнат спасувачите.
26 годишната мајка, Џесика Мари Рот од Асторија, одела да го земе сопругот, но исцрпена заспала на воланот, излетала од патот и удрила во дрво.
Велосипедист кој случајно поминувал од таму, застанал да го погледне срушеното дрво неколку часа по случувањето на несреќата, и на лице место ги пронашол двете девојчиња, Аријана (4) и Лајла (2). Малечката Лајла била тешко повредена.
Тие двете завиткани во ќебе чекале неколку часа на дождот додека не дошла помош.
Лајла е сеуште во болница но се опоравува.