Индиското девојче Твинкл Двиведи (13) од градот Лукнов веќе две години плаче крв. Таа без причина крвави од рацете и нозете.
Многумина сметаат дека девојчето е опседнато од зол дух, додека оние кои се повеќе склони кон научно објаснување, веруваат дека таа има некоја до сега неоткриена болест. Поедини католички верници сметаат дека девојчето крвави на местата каде што крвавел Исус Христос во текот на распнувањето.
Лекарите се обидуваат да го испитаат овој феномен и сакаат да пронајдат лек за да продолжи девојчето со нормален живот.
Доктор Џорџ Бјукенан, педијатар, смета дека девојчето најверојатно има проблем со тромбооцитите – клетките кои помагаат крвта да се згрутчува, или дека Твинкл има некој неидентификуван облик на карцином.
– Нејзините очи само се зацрвенуваат во еден момент, и по неколку секунди почнуваат да крвават – објаснила нејзината мајка. Девојчето вели дека тоа понекогаш е многу болно за неа.
– Денеска не ме болеше, но понекогаш е неиздржливо – раскажала Твинкл.