Едно девојче од Норвешка го исплашило своето семејство кога среде ноќ, станало од својот кревет и се прошетало до соседниот град
Тетката што се грижела за неа и за нејзините три сестри, додека мајка им била на одмор, била шокирана од повикот на полицијата бидејќи била убедена дека девојчето спие.
– Се стрчав во нејзината соба откако ми кажаа дека таа не е дома, кажала таа.
Неименуваното девојче се сеќава дека сонувала како нејзината куќа гори и дека ја отклучила вратата и ги облекла чизмите.
Надлежните се сомневаат дека девојката прво заминала до најблиската фабрика за риба, а потоа во тунел долг 800 метри.
– Мора да била надвор неколку часа, по ова лошо време, студ и грмотевици. Дури и внатре се чувствуваше силен ветар, додала тетка загрижено, иако не и било сосема јасно кога и како дошло до оваа неверојатна случка.