Девојче на смртна постела – Родителите ја лечеле со средства за добиток


Педгодишно девојче од северот на Црна Гора се наоѓа на смртна постела, затоа што родителите со средства за добиток ја лечеле од вошки. Родителите употребувале средства кои ги користеле кога добитокот имал вошки, јавуваат црногорските медиуми.dete bolnic

Девојчето се наоѓа на лекување во Клиничкиот центар во Црна Гора, но медиумите не можеле да добијат потврда од болницата.

Според тие информации, за ваков случај ќе биде покрената постапка.

Ова не е прв случај семејство да пробува да истреби вошки кај дете со користење на средства за добиток.

Тоа се случило, наводно, пред половина година кога дете завршило на одделението во Детската болница во Подгорица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1