Вчеравечер во 22.15 часот во полициската станица во Кичево, било пријавено дека на ул. „4-ти Јули“, од тераса паднало петнаесетгодишно девојче, при што се здобила со повреди во пределот на главата и телото.
Истата е пренесена во кичевскиот медицински центар од каде поради сериозноста на повредите е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.