Девојче прободено пред училиште среде бел ден во Србија


Непознат насилник со нож расекол малолетничка од Белград, во парк пред основно училиште, пренесуваат српските медиуми.srbija belgrad policija

Напаѓачот на возраст меѓу 30-40 години, со црна јакна на себе и брада, ја пресретнал малолетничката, која има 14 години, во паркот пред училиштето, додека таа се враќала од пекарница по одморот. Ѝ се приближил, ја фатил за коса и почнал да ја влече. Децата што биле сведоци на настанот, почнале да плачат и да врескаат, велат сведоци на настанот.

Девојчето се спротивставувало, но напаѓачот извадил нож и го прободел во грбот и откако паднало на земја, го расекол по рацете и заминал во непознат правец.

Итната помош веднаш го однела девојчето в боница, каде што лекарите се грижат за нeго.

По пријавата в полиција се прегледуваат сите снимки од безбедносните камери и се бара насилникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1