Девојче се бори за живот на скопските клиники


Четиринаесeт годишно девојче кое било во бесознание и со знаци на труење, испратено е како итен случај од гостиварската болница на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.

urgenten brza pomos klinika

Според првичните сознанија, девојчето во Ургентниот центар во Гостивар го донеле роднини. Тие на лекарите им кажале дека најверојатно девојчето се затруло со некаква хемиска супстанца.

Гостиварската полиција работи на расветлување на поединостите околу случајот, односно дали се работи за обид за самоубиство, ненамерно труење или нешто друго, информираат од СВР Тетово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1