Девојче се бори за живот откако таткото ја фрлил од балкон заедно со братчето и сестричките (ВИДЕО)


Рано утрово татко си ги фрли своите четири деца на возраст од 3,5,7 и 8 години од балкон на семејната куќа во хрватскиот остров Паг.

Од задарската болница потврдуваат дека рано утринава биле примени четири деца , од кои две со тешки повреди и две со полесни. Децата на возраст од 7 и 8 години имаат тешки повреди , а докторите се борат за живот на малото 7 годишно девојче .

Помалите деца имаат полесни повреди , но се задржани во болница.Таткото кој си ги фрлил децата од балкон висок 8 метри , според соседите е доселен на Паг од проблематично семејство.Во моментот кога 54 годишниот татко си ги фрлал трите девојчиња и синчето , во куќата била и 43 годишната мајка.

Министерот за здравство на Хрватска изјави дека ќе треба да се донесе одлука дали тешко повреденотот девојче ќе може да биде транспортирано од болницата во Задар на интензивното одделение во загребскиот клинички центар.

Седумгодишното девојче има крварење во мозокот и во црниот дроб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1