Девојче умре од срцев удар два дена пред средбата со силувачот


Деветгодишното девојче од Турција почина од срцев удар кој бил последица на стрес само два дена пред да сведочи против дедото на својата другарка кој сексуално ја злоставувал.3ada944300000578-0-image-a-113_1480429407290

Девојчето, кое е познатo само под иницијалите Ј. К. било префрлено во болница во Измир, откако во својата семејна куќа се онесвестило, но по бројните обиди, лекарите не успеале да ја спасат.

Девојчето умрело од срцев удар којшто бил последица на претераниот страв, па излегувањето на суд и соочувањето со силувачот било преголем стрес за нејзиното срце.

Страотното злоставување оставило ужасни последици на кутрото девојче коешто било под константен стрес. Поради тоа, повеќе од четири месеци не одело во училиште, а редовно го посетувало и училишниот психолог.

Монструозниот инцидент се случил кога со другарката си играла на тераста, а кога другото девојче заминало, нејзиниот дедо ѝ рекол на Ј.К. дека ќе ѝ даде кукла за да ја развесели… Тогаш хоророт почнал!

Преплашеното девојче истрчало дома каде што на родителите им раскажало што и се случило. Потоа повикало полиција, а потоа повикале полиција, дедото бил уапсен, а потоа со кауција пуштен до судењето.

Несреќното девојче очигледно никогаш не закрепнало од стресот, нејзиното мало срце не издржало. Освен што не смеело да оди во училиште, било многу исплашено, не смеелe да го оставаат само девојчето, а ноќе уринирало во креветот. Како што се приближувал денот на судењето така и состојбата на девојчето станувала сè полоша. Два дена пред да оди на суд, само паднало!

Потресените родители рекле дека на монструмот кој го злоставувал нивното девојче никогаш нема да можат да му простат и дека ќе направат сè за да ја добие најголемата можна казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1