Пожарот во кој загинаа 34 малолетнички, а други останаа со трајни последици во пренатрупаниот гватемалски дом за злоставувани малолетници, избувнал во мала соба во која биле заклучени по бунтот во домот, соопштија во петок властите и сведоците.
Пеколот во собата од 16 метри квадратни во кои биле затворени 52 девојчиња и девојки ги остави преживеаните во пожарот од средата со толку тешки рани, што специјалисти за изгореници пристигнаа од САД, а лекарите велат дека се потребни стотина дарители на крв.
Властите го сменија управителот на домот, домот привремено го затвориле, а во земјата е прогласена тридневна жалост.