Девојка од Гостивар загина во сообраќајка во Италија


Деветнаесетгодишната Аријана Сефери од Гостивар загина синоќа во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара, објави Курир.мк .

Деветнаесетгодишната Аријана Сефери од Гостивар загина синоќа во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара.

Италијанската полиција извести дека таа патувала во автомобил „фиат брава“ во кој биле нејзиниот пријател од Индија и негов роднина.

Од засега непознати причини возилото се судрило со автомобил „фиат мултипла“ кој доаѓал од спротивен правец. Сефери починала на местото на несреќата, додека двајца државјани на Индија кои биле повредени во несреќата починале во болница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1