Девојка од Свети Николе загина во сообраќајка во Штип (Фото)


Двесет и едногодишна девојка од Свети Николе рано утрово загина загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.

foto – Пресс24

Според информациите од портарпоролот на СВР Штип Гордана Панајотова несреќата се случила во 5 часот и 15 минути а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.

Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба.

Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Читател на Пресс24  испрати фотографија, која е навистина страшна и ја леди крвта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1