Девојка пред да почине од рак собрала пари да ја смрзнат додека не најдат лек- (Видео)


23 годишната Ким Соузи која починала од рак на мозокот во јануари собрала доволно пари пред нејзината смрт, за да плати нејзиното тело да биде замрзнато и зачувано во крионикс Институтот, за во иднина, кога ќе биде пронајден лек да може да биде излечена.
s-KIM-SUOZZI-large

Агресивниот рак на мозокот и бил дијагностициран во 2011 година, па кога во август 2012 година лекарите и прогнозирале дека ќе има само три до шест месеци живот.

таа на својот блог напишала дека нејзината последна желба и е нејзиното тело да биде криогенско сочувано, односно да биде зачувано во исклучително ниски температури до денот кога технологијата не го доживее тоа ниво за да може да ја заживее и излекува ракот на мозокот.

Суози на крјаот успеа да ја собере потребната сума од 35,000 долари за криопрезервацијата.

Во хуманитарниот гест се вклучиле повеќе организаци кои донирале по неколку илјади долари. На крајот Соузи собра доволно пари за покривање на постапката. Таа починала на 17 јануари, а криопрезервацијата била извршена истиот ден.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1