Што зборуваше Филе со Црвенковски и Груевски


Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено дојде во Македонија на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

gruevski crvenkovskiЕвроагендата, реформите, бојкотот на опозицијата на Парламентот во контекст на априлскиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија и јунскиот самит на ЕУ, биле теми на средбата со пемиерот Никола Груевски, потврдуваат за МИА од Владата.

Станало збор и за случувањата во врска со бојкотот на опозицијата, но во рамките на прогресот и механизмите за продолжување на интеграциските процеси. Од македонска страна е изразена подготвеност и посветеност за продолжување на реформите, како и конструктивност за принципиелно надминување на предизвиците во контекст на европската интеграција на Република Македонија.

ivanov_fileДелегацијата на ЕУ во Скопје, соопшти дека еврокомесарот Штефан Филе денеска се сретнал и со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. На ситр средби што ги имал биле разгледани подготовките за Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија.

– Комесарот имаше корисни разговори со своите соговорници. Комесарот Филе ќе се врати во Скопје во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, се наведува во кусото соопштение од Делегацијата на ЕУ во Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1