Девојка се обиде да се самоубие во Кисела Вода


Дваесет годишна девојка денес околу пладне се обиде да си го одземе животот во скопската населба Кисела Вода, дознава Курир.samoubistvo.jpg500

Девојката сакала да скокне од седмиот кат од зграда на улицата “Народни херои”, но била спречена од полициски екипи кои веднаш пристигнале по пријава на граѓанин.

Од МВР за Курир потврдуваат дека имаат пријава за таков настан, но повеќе детали не откриваат. Во моментов со девојката, која во станот живеела како потстанар, разговараат полициски екипи.

Неофицијално девојката е од Охрид, а причина за обидот за самоубиство се проблеми во љубовта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1