Девојка се удави, по две лица се трага – со БМВ влетале во Дунав


Утрово околу 3:40 часот автомобил БМВ со шест млади лица на возраст од 16 до 20 години падна во Дунав во Белград. Нуркачите ги пронашле телата на три деца.

668557708547055fac4d7c674468253_640x4271-540x360

Тројца од патниците во автомобилот успеале да испливаат, а возачот, кој е еден од спасените, е веќе кај истражен судија. Според првите информации, возачот ја изгубил контролата и слетал во реката.

Лекарската екипа кај сите тројца преживеани констатирала хипотермија, намалена телесна температура. На брегот биле извлечени едно 19 годишно момче со хипотермија и знаци на агресија, 18-годишна девојка и 20-годишно момче, двајцата со знаци на хипотермија.

Автомобилот бил пронајден на дното на реката и наскоро ќе биде извлечен, јави Б92.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1